Мопедите ризични „играчки“ за децата
Maлолетници на мопеди. Ова е најчестата слика во сообраќајот во Кавадарци.
Родителите го избрале најголемиот ризик за своето дете со купувањето на оваа “играчка“.
Многу од нив бидејќи се малолетни немаат положен возачки испит и слободно дивеат низ улиците без да носат заштитен шлем, кацига. Со започнувањето на распустот во сообраќај се вклучени не само преку денот, туку и во ноќта.
Од полицијата велат дека оваа појава загрижува. Ги советуваат родителите да покажат поголема грижа за своите деца и на малолетниците да не им дозволуваат да управуваат мопеди без претходно да се стекнат со право за тоа.
Во полициската статистика само минатата недела се евидентирани три незгоди во кои учествувале мопеди. Повредени се шест лица, возачите и нивните сопатници.
“Мораме да внимаваме сите, посебно родителите. Мора да се почитуваат правилата и законите во сообраќајот, во спротивно ќе се соочиме со незгоди кои имаат фатален крај“ рече командирот на полициското одделение за бебзедност во сообраќајот при кавадаречката полиција, Зоранчо Добринов.
Тој укажува на обврските и законот. Овие возила мора да се регистрирани исто како и сите други, задолжително мора да поседуваат и осигурителна полиса, а возачите на мопедите и моторциклите да се со положена соодветна возачка категорија и истите задно со своите сопатници задолжително да носат заштитна кацика. Од Полицијата дознаваме дека со законската регулатива казна следува и за сопствениците на мопеди и моторцикли кој истите ги даваат на управување од малолетници или други лица кои немаат право на управување.
Полицијата цврсто стои на ставот дека и во ваков случај ќе нема прошка туку казна во висина од 300 евра. Правилата мора да се почитуваат, законот за сообраќај е јасен, а животот повреден од било што, потенцираат од полицијата. /А.Д