Рингишпил во Велес!
Објавено: 22 јуни, 2013, во 08:57 часот
По пауза од неколку години во градот пристигна рингишпил.
Поставен е на спортските терени на гимназијата и подеднакво го нуди задоволството од возење за младите и за постарите граѓани. Синоќа тоа чувство го доживеаја повеќе велешани. Најрадосни беа децата. Сопствениците на рингишпилот рекоа дека остануваат две недели во градот.





