Превентивна акција за поголема безбедност во сообраќајот!
Педесетина возачи денеска извршија бесплатен технички преглед на своите возила. Се проверуваа уредите за сопирање, светлосната сигнализација, состојбата на возилото.
Целта на ваквата акција која продолжува и во наредниот период е поголема бебзедност во сообраќајот. Сите возачи летово можат да направат бесплатна проверка на техничката исправност на возилата.
„Вакви акции спроведуваме секое лето. Возилата се праќаат на бесплатен техничлки преглед само патувањата да поминат безбедно. Техничките станици се отворени за соработка и сега на потег се граѓаните. Тие треба да си ја проверат состојбата на своето возило и тоа бесплатно“ рече инспекторот за превенција по сообраќајни работи од ПС Кавадарци, Диме Крстев.
Проблем во лето не е само техничката исправност на возилата. Статистиката на полицијата опоменува дека безбедноста во сообраќајот се нарушува и од моторите кои ги има многу во сообраќај. Со нив управуваат малолетници, често без документи и во неисправна состојба.
Од полицијата нагласуваат дека ова лето полицијата ќе ги зачести акциите и за контрола на моторите./ A.Д