Воениот брод на Македонската армија повторно ќе биде ставен во функција!
Објавено: 12 април, 2013, во 09:18 часот
Воениот брод на македонската армија по долги години повторно ќе биде ставен во функција за нејзините потреби и активности, објави А1 он.
Воениот брод на македонската морнарица кој беше на ремонт на брегот, беше спуштен во водите на каналот кај Биљанини Извори во Охрид.
Пловниот објект најпрво беше кренат со специјален кран,а потоа беше поставен во водата.
Морнарицата имаше два вакви воени брода,но подоцна во Охрид остана само еден од кого беше отстрането вооружувањето.

