ДИК отфрли пет приговори за општина Центар!
Објавено на 11 април, 2013 во 14:05
Државната изборна комисија денеска отфрли пет приговори за гласањето во Општина Центар на подносителот ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за приговори кои се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање на лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии.
Комисијата попладнево продолжува да работи и се очекува разгледувањето на останатите 61 приговор од ВМРО-ДПМНЕ за Центар и 17 за Струга.
Ќе треба да се разгледаат уште 252 приговори за гласањето во 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.
