Тензично во Кичево!

Објавено: 26 март, 2013, во 16:23 часот

Два дена по изборот на Фатмир Дехари за градоначалник на Кичево, таму е тензично. Денеска овој град го посети и премиерот Никола Груевски, со надеж дека ќе успее да го смири револтот  кој  е се` поизразен  кај македонците.

Особено  тензиите биле подигнати по обидот за симнување на македонското знаме кај железничката станица. Премиерот беше пречекан од неколку стотини граѓани од кои дел извикуваа „уааа“ а дојде и  до туркање на присутните, јави 24 вести.

Груевски веднаш се упатил кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со кичевските пратеници Антонио Милошевски, Илија Китановски и досегашниот градоначалник Благоја Деспотовски која траеше час ипол.

Груевски во изјава за медиумите рече дека  го разбира гневот и револтот кај македонците бидејќи истиот гнев го чувствувал и самиот. Порача дека Владата цврсто ќе застане зад градот ќе ги зголеми напорите за подобар живот и покрај предизвиците и евентуалните провокации во следниот период.

Кичево рече останува македонски град, а јас за разлика од други политичари дојдов тука и не бегам од народот. Коментираќи го изборниот резултат Груевски рече тоа е последица на  теритеријалната поделба во 2004 година. Во која во Кичево денеска има 28 илјади  албанци и 16 илјади македонци.

Проблеми од безбедносен аспект немаше иако над небото над Кичево леташе хелихоптер. Кратко потоа насобраните граѓани полека се разотидоа, пренесува „24 вести“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.