Променливо облачно со дожд!
Објавено: 15 февруари, 2013, во 08:10 часот
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно.
Претпладне ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. И утре ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од – 1 до 5, а дневната од 3 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно.
Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе се искачи до 8 степени.


