Нов граничен премин со Албанија!
Објавено: 6 февруари, 2013, во 17:10 часот
Албанската Влада на денешната седница донела одлука да отвори нов граничен премин меѓу Република Албанија и Република Македонија.
Како што соопшти македонското друштво „Илинден“ од Тирана, усвоена е одлука за отворање на заеднички граничен премин во Требиште – Голо Брдо во областа Булќиза на границата со Република Македонија.
„Отворањето на заеднички гранични премин го олеснува слободното движење на граѓаните од двете страни на границата и придонесува за зајакнување на контролата над граѓаните и возилата што ја преминуваат границата,“ оценува друштвото „Илинден“.

