Климатските промени го загрижија Балканот!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 14:17

Климатските промени предизвикаа значителна штета на земјоделството и регионалните економии, и експертите ги  повикуваат владите да додадат нови мерки за помош на фармерите  и да запре губењето  на културите и приходите.

“Минатата година беше една од најтоплите во изминатите 100 години, а предвидувањата за оваа година се слични слични. Климатските промени, ќе продолжат да предизвикуваат  проблеми за земјоделците. Ќе има суша во текот на летото и повеќе врнежи во зима , што ќе предизвика поплави”, изјави член на Комисијата на БиХ за климатски промени, за SETimes.

Експертите очекуваат насадите со жито во  Војводина, Србија, Славонија , Хрватска, Македонија и Источна Босна да  бидат под  многу негативно влијание, и мора да преземат конкретни мерки за да се спречи катастрофа.

“Речиси една четвртина од хрватската економија се базира на сектори ранливи на климатските промени, вклучувајќи ги земјоделството и туризмот. Помеѓу 2000 и 2007 година, екстремните временски услови предизвикаа штета во земјоделството во износ од 176 милиони евра,” изјавија експерти за SEE Times.

Нивниот извештај нуди сет на препораки кои вклучуваат менување на производството вклучувајќи култури толерантни на суша и садење растенија порано, на почетокот на сезоната.

Во меѓувреме, земјоделските  експерти мора да работат на подобрување на постоечките растителни сорти за  да бидат поприлагодливи на новите временски услови.

Додека експертите во регионот се обидуваат со конкретни мерки да го намалат влијанието на климатските промени и во Македонија не се седи со скрстени раце. Со поддршка на УСАИД преку Мрежата за рурален развој, во мај 2012-та   започна реализацијата на  тригодишен проект за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Проектот за кој се одвоени околу еден милион и 300 илјади американски долари се фокусира на овоштарските и градинарските култури во Медитеранската зона во која припаѓаат Вардарскиот регион со делови од Струмичкиот и Гевгелискиот регион затоа што тие се најзасегнати од климатските промени.

Се работи со семејни фарми кои најголем дел од своите производи  ги пласираат на  пазарот, како и со земјоделци кои делумно заработуваат, а дел од производството го задржуваат за себе. Планирано е да се извршат и тестирања и мониторинг на техники со цел да се изнајдат оние што најдобро функционираат во дадени климатски услови.

Колку мерки ќе бидат доволни за ублажување на последиците од климатските перомени што Вардарскиот регион веќе ги чувствува останува да се види. Во меѓувреме најзасегнати се земјоделците  за кои сплотеноста и  борбата со природата се начин на живот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

Климатските промени го загрижија Балканот!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 14:17

Климатските промени предизвикаа значителна штета на земјоделството и регионалните економии, и експертите ги  повикуваат владите да додадат нови мерки за помош на фармерите  и да запре губењето  на културите и приходите.

“Минатата година беше една од најтоплите во изминатите 100 години, а предвидувањата за оваа година се слични слични. Климатските промени, ќе продолжат да предизвикуваат  проблеми за земјоделците. Ќе има суша во текот на летото и повеќе врнежи во зима , што ќе предизвика поплави”, изјави член на Комисијата на БиХ за климатски промени, за SETimes.

Експертите очекуваат насадите со жито во  Војводина, Србија, Славонија , Хрватска, Македонија и Источна Босна да  бидат под  многу негативно влијание, и мора да преземат конкретни мерки за да се спречи катастрофа.

“Речиси една четвртина од хрватската економија се базира на сектори ранливи на климатските промени, вклучувајќи ги земјоделството и туризмот. Помеѓу 2000 и 2007 година, екстремните временски услови предизвикаа штета во земјоделството во износ од 176 милиони евра,” изјавија експерти за SEE Times.

Нивниот извештај нуди сет на препораки кои вклучуваат менување на производството вклучувајќи култури толерантни на суша и садење растенија порано, на почетокот на сезоната.

Во меѓувреме, земјоделските  експерти мора да работат на подобрување на постоечките растителни сорти за  да бидат поприлагодливи на новите временски услови.

Додека експертите во регионот се обидуваат со конкретни мерки да го намалат влијанието на климатските промени и во Македонија не се седи со скрстени раце. Со поддршка на УСАИД преку Мрежата за рурален развој, во мај 2012-та   започна реализацијата на  тригодишен проект за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Проектот за кој се одвоени околу еден милион и 300 илјади американски долари се фокусира на овоштарските и градинарските култури во Медитеранската зона во која припаѓаат Вардарскиот регион со делови од Струмичкиот и Гевгелискиот регион затоа што тие се најзасегнати од климатските промени.

Се работи со семејни фарми кои најголем дел од своите производи  ги пласираат на  пазарот, како и со земјоделци кои делумно заработуваат, а дел од производството го задржуваат за себе. Планирано е да се извршат и тестирања и мониторинг на техники со цел да се изнајдат оние што најдобро функционираат во дадени климатски услови.

Колку мерки ќе бидат доволни за ублажување на последиците од климатските перомени што Вардарскиот регион веќе ги чувствува останува да се види. Во меѓувреме најзасегнати се земјоделците  за кои сплотеноста и  борбата со природата се начин на живот./Е.Н.Ј