Што е поздраво, а што здебелува?
Путер или маргарин –што е поздраво??? Месо или риба – или, можеби и двете??? Кога станува збор за масти, се водат бројни дебати за тоа што е здраво, што здебелува, што мора да се избегне а што да се вклучи во редовното мени. Како да се снајдете во морето на масните прехрамбени теории?
- Теорија : мастите здебелуваат
Со девет калории на грам, мастите може да се вбројат во храна со најголем извор на енергија, но теоријата дека чистите масти здебелуваат не се точни. Експерти потенцираат дека не постои лоша храна, тие велат дека постои лоша исхрана или лоша комбинација на храната. Она што е важно за односот на енергијата спрема нашето тело, доколку се конзумираат масти во нормални дози, тие може да дејствуваат позитивно врз вашето тело.
2. Теорија: Што помалку јадеме тоа подобро
Мастите за нашиот организам се потребни. На пример, потребни се за создавање на одредени хормони. Витамините А, D, E и К во организмот може да ги внесеме само преку масти, и тоа е исто така важен извор на енергија. Нутриционистите нагласуваат дека од 30 до 35% од дневните калории кои ги внесуваме треба да бидат масти.
3. Теорија: omega -3 масните киселини се преценети
Додека се водат различни дискусии за придобивките од маснотиите, сите нутриционисти едногласно објаснуваат дека omega -3 киселините се многу здрави. Тие се од суштинско значење и се неопходни бидејќи за разлика од другите масни киселини, тие неможат да се произведат во самиот организам. Рибата и морските плодови се главен извор на Omega -3 масните киселини.
4. Теорија: Овошјето и зеленчукот не содржат масти
И во едно мало парче овошје или пак зеленчук можат да се најдат масти, секако зависно од видот променлива е и функцијата. На пример, 100 грама јагоди содржат 0.4 грама масти, 1 грам банана 0.2 грама масти, додека авокадото и маслинките со 23.5 и 36 грама масти се вбројуваат помеѓу најмасните овошја и зеленчуци. Повеќето намирници содржат масти, освен алкохолот, чистиот шеќер и водата.
5. Теорија: Маргаринот е поздрав од путерот
Нормален маргарин со 722 калории на 100 грама содржи скоро ист процент како и путерот кој има 754. Дури и light маргарините не содржат помалку калории. Тој содржи повеќе незаситени масни киселини и затоа е поздрав од путерот. Но дали е некој маргарин е поздрав од путерот, зависи од производителот.