Спиевме еден час подолго: Благодрение на зимското сметање на времето!

Објавено на 27 октомври, 2012 во 19:43

Како секоја година пред почетокот на зимата, стрелките на часовникот ги враќаме за еден час назад. Тоа  се случи ноќеска во 3 часот кој  се смета за 2 часот. Пред почетокот на летото го правевме спротивното, стрелките на часовникот, ги поместивме за еден час напред. За ова во Македонија се грижи Бирото за Метеорологија кое информираше дека на 28 октомври со поместување на стрелките на часовникот преминуваме на зимско сметање откако во третата недела на месец март тоа го сторивме со летното сметање на времето.

Веќе десет години на овој начин функционира Европа, чии земји, членки на унијата,  веќе дванаесет години функционираат и го практикуваат овој начин на сметање на времето. Тие тоа го прават од повеќе причини а главната е заштеда на енергија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.