Бидете внимателни ! Многу отрови има во храната
Индустрилизацијата, бројните хемикалии и желбата за заработка се реалност на денешниот секојдневен живот. Затоа, повеќе од било кога, мора да внимавате што јадете.
Ова е листа на најлоши отрови од обичните намирници кои мора да ги отфрлите од вашата секојдневна исхрана.
Амбалажата ќе ви помогне да ги пронајдете овие лоши отрови:
1. Холестарол
Замена на масти, го користат во некои чипсови.
Зошто е штетен?
– Предизвикува проблеми во варењето на храната и ја спречува апсорпцијата на важни оксиданси. Исто така, воопшто не го намалува дебелеењето.
2. Боја и арома на карамела
Вештачки пигмент кој е произведен со загревање на шеќер. Често во овој процес е вклучен и амонијак. Бојата карамела се појавува во газираните пијалаци, готовите сосови, лебот и десертите.
Зошто е штетна?
– Ако се произведува од обичен шеќер главно е безопасна, но ако во процесот на производство е вклучен амонијак се создаваат 2-метилимидазол и 4-метилимидазол, хемикалии кои се поврзуваат со рак. Компаниите не се обврзани да објават дали бојата ја добиле со помош на амонијак или не.
3. Сахарин
Вештачки засладувач
Зошто е штетен?
Истражувањата го поврзуваат сахаринот со ракот на мочниот меур. Едно истражување од пред три години покажа дека глувците се дебелеат побрзо ако јадат сахарин одошто ако јадат шеќер.
4. Калиум бормат
Се става во брашното и овозможува растење на тестото за време на печењето.
Зошто е штетен?
– Но Калум броматот предизвикува тумор на бубрезите и штитната жлезда. Многу земји го забранија. Некои американски ланци за брза исхрана сè уште го користат.
5. BHA – Butylated Hydroxyanisole и Butylated Hydroxytoluene
Антиоксиданси и конзерванси на база на нафта.
Зошто е штетен?
– Американскиот оддел за здравство и човечки услуги (The Department of Health and Human Services) издаде соопштение во кое стои дека BHA е потенцијално канцероген. Го содржат производи како маста Goya и гумите за џвакање Орбит.
6. Делумно хидрогенизирано растително масло
Полуцврста маст која се добива со додавање водород во незаситените масни киселини.
Зошто е штетно?
– Делумно хидрогенизираното растително масло е главен извор на трансмастите, а тие секоја година се виновни за барем околу 70 000 срцеви удари само во САД. Се користат за пржење храна во многу ресторани и во маргаринот.
7. Сулфити
Ја одржуваат бојата на храната и спречуваат раст на бактериите со испуштање сулфур диоксид.
Зошто е штетно?
– Како конзерванс се користат над 1000 години. Но кај чувствителните астматичари сулфитите можат да предизвикаат потешкотии. Нивното уфрлување во виното, на смоквите или на свежите намирници во рестораните можат да доведат и до смрт, како што се случуваше во 1980-те на територијата на САД.
8. Азодикарбонамид
Синтетички жолто-портокалов адитив за тесто.
Зошто е штетен?
– Оваа хемикалија, пред сè, се употребува за производство на индустриска пластика. Но се користи и во прехранбената индустрија. Британските власти наредија да бидат нагласени како предизвикувач на астма на секој прозвод што ги содржи. Се наоѓаат во печивата на Dunkin’ Donuts и McDonald’s.
9. Карагенан
Згуснувач и емулгатор кој се добива од алга – Е407 карагенан.
Зошто е штетен?
– Алгите се здрави, но карагенанот е само нуспроизвод. Истражувањата го поврзуваат со појавата на рак, проблемите со дебелото црево и чиревите. Често се користи во диеталните производи.