По што се разликуваат дневниот и ноќниот крем?
Можеби мислите дека не постои разлика но денвниот и ноќниот крем и тоа како се разликуваат.
Дневниот крем ќе ве заштити од нечистотија,влага,промена на температурата и сушење на кожата. Полесен е од ноќниот и е идеална подлога за шминка. Важно е да се избере според типот на кожата.
Ако имате мрсна кожа изберете дневен крем на база вода кој ќе ја навлажни кожата без да остава мрсен сјај. З а сува кожа најдобар избор е богат мрсен крем кој ќе ја обезбеди потребната влажност.
Дневниот крем најчесто има заштитен фактор и кожата ја штити од сончевите зраци а се нанесува наутро а по потреба уште еднаш во текот на денот.
Ноќен крем- Бидејќи кожата хранливите состојки ги впива во ноќта ноќните креми најчесто се многу побогати од дневните. Содржат бројни активни состојки кои го забрзуваат обновувањето на кожата,ја хранат,хидрираат и штитат. Обично содржат ретинол,гликолна и хијалиронска киселина,состојки кое не се препорачуваат за користење преку ден кога кожата е изложена на сонце. Се нанесуваат навечер,пред спиење и на задолжително претходно исчистена кожа.