Јанев: Бугарија испраќа помош на Македонија за гаснење на пожарите

Објавено на 4 август, 2021 во 14:20

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка на Република Северна Македонија за справување со пожарите, објави БГНЕС.

-Нашата земја ќе ја поддржи РСМ преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила, вели Јанев.

Уште вчера, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, Јанев изјави дека Бугарија е „подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.