Јапонија донира ново комунално возило на Општина Маврово Ростуше
На 9ти август, Н.Е. Савада Хиронори, амбасадорот на Јапонија, присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект за Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, односно GGP, во Маврово Ростуше.
Проектот за набавка на возило за комунален отпад за општина Маврово Ростуше во вкупна вредност од 67,807 евра, има за цел да ја подобри животната средина за граѓаните на општината.
Домаќини на свеченоста беа г-дин Медат Куртовски, градоначалник на Маврово Ростуше и г-ѓа Дијана Давидовски, директор на Јавното комунално претпријатие.
За време на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот Куртовски и разговараше за зајакнување на соработката помеѓу Амбасадата и Општината.
Во име на јапонскиот народ, амбасадорот Савада изрази благодарност до сите граѓани на Маврово Ростуше за нивната поддршка и пријателство.
Преку програмата за мали грантови (GGP), Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи и обезбеди 31 возило за одржување и комунални возила за 49 општини.