Филипче: И денеска има околу 1.000 новозаразени со коронавирус
И денеска има околу 1.000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19, изјави по свеченоста по повод Денот на Армијата Министерот за здравство, Венко Филипче. Истакна дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат, без оглед на начинот на кој се лекувани.
– Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.