Тепачка во Кавадарци
Објавено: 20 август, 2021, во 10:42 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во Полициска станица Кавадарци, педесет и шест годишниот О.Ј во текот на вчерашниот ден, пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ околу 11:00 часот бил физички нападнат од дваесет и четири годишниот Д.М од Кавадарци.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


