Свлечиште на патот кај село Косоврасти, забрана за тешки товарни возила
Патниот правец Маврово – Дебар кај село Косоврасти изутрина од 6.30 часот сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила.
Патот беше затворен за сообраќај во двата правци од ноќеска во 02.15 часот поради свлечиште на земја.
Поради можност за намалување на носивоста на еден ред столбови на мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, Општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот препорачува мостот да не се користи од товарни возила и автобуси, а за останатите учесници во сообраќајот внимателно возење и прилагодување на брзината на возење према новонастанатат состојба.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските премини со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.