КМФ „Кеги моби“ дома одигра нерешено со КМФ „Форца Куманово“
Многу шанси a малку голови е карактеристика на натпреварот помеѓу КМФ „ Кеги моби“ и КМФ „Форца Куманово“, вчера вечер, во спортска сала „Гемиџии“ во Велес. Натпреварот се играше во рамки на 8-то коло на Втората футсал лига на Македонија.
Ова беше дерби на колото а нерешениот резултат од 1: 1 е можеби најреалниот епилог од настаните на теренот.
Во првото полувреме„ Кеги моби“ беше подобар создаде повеќе шанси. Во 8-та минута со голот на Ѓуров домаќините се стекна со предност.
Во вториот дел гостите тргнаа на се или ништо,ја имаа играта и шансите. Во 31- та минута испровоцираа инцидент на кој наседнаа домашните. Видовме доста мачни сцени но сепак до физички контакт не дојде. По сето ова, домаќните како да подзастанаа и во 33-та минута преку Шерифи гостите стигнаа до израмнување.
До крајот на натпреварот следеа по неколку шанси на двете страни но резултатот остана непроменет.
Лазар Лазаровски