Во велешка болница 13 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 1 март, 2022 во 09:54
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 25 ковид пациенти од кои 18 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 21 и на Интерно Б одделение четворица пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 13 пациенти.
Во изминатите 24 часа примен е еден пациент.
Стефани Манева