Во велешка болница двајца ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено: 2 април, 2022, во 12:53 часот
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани осум ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се двајца пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
Од болничките пациенти на Интерно одделение се лекуваат пет и на Инфективно одделение тројца пациенти.
Стефани Манева


