Времето денеска облачно со повремен дожд
Објавено: 4 април, 2022, во 09:35 часот
Времето денеска претежно облачно, од пладневните часови од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец поизразен вдолж Повардарието.
Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно стабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност.


