ЈКП „Дервен“ ќе врши дневно собирање на сметот
Објавено: 18 април, 2022, во 11:58 часот
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ ги известува велешани дека согласно Одука донесена од страна на Советот на Општина Велес, од денеска, ќе врши дневно собирање на сметот.
– ЈКП „Дервен“ ќе врши дневно собирање на смет, два пати неделно, шест дена во неделата (од понеделник до сабота) вклучувајќи и државни празници, а во централното градско подрачје и по главните сообраќајници секој ден, во периодот од 7.00 до 14.00 часот (понеделник – петок) и во сабота од 7.00 до 12.00 часот. Во централното градско подрачје и долж главните сообраќајници собирање на смет ќе се врши и дополнително од 17.00 до 22.00 часот, пишува во соопштението на ЈКП „Дервен“.
Оттаму ги замолуваат граѓаните сметот да го изнесуваат во период од 06:00 до 07:00 часот во деновите определени за собирање на смет.
Стефани Манева
