Стивнува состојбата со ковид пандемијата во велешко

Објавено на 21 април, 2022 во 17:10
Фото: Дума.мк архива

Во велешка болница слободни 45 кревети на двете одделенија на кои се лекуваат ковид пациенти. Во изминатите 24 часа примен е само еден пациент а нема испишани.

Исто како вчера, денеска, на болничко лекување се тројца позитивни ковид пациенти кои се на кислородна поддршка додека еден чека резултат. Од вкупно 18  лежечки пациенти 14 се негативни, но задржани поради потреба од здравствена помош и нега.

По девет пациенти лежат на Инфективно и на Интерно одделение Б оддел.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.