Младите википедијанци, ученички на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ООУ „Васил Главинов„ добитници на првите награди на националниот Викикамп

Објавено на 9 мај, 2022 во 12:38
Фото: Наградени млади википедијанци од Велес со менторка проф. Лила Арсова

Ученичките Ива Петровска, Марија Бошевска, Цветанка Нацева од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Велес и Ѓеоргина Димовска од ООУ „Васил Главинов“ се меѓу најдобрите пет учесници кои добија  награди на националниот „ Викикамп“ што изминатиот викенд се одржа во Маврово. Сите наградени ученички се членови на „Вики клуб“ Велес и работат под менторство на професорката Лила Арсова.

На Викикампот учествуваа  ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија. Во тридневниот престој сите учесници одржаа и неколку заеднички уредувања на создадени вкупно 350 статии на Македонски јазик. За учесниците имаше и краток курс за прикачување фотографии на заедничката ризница, и  напредно уредување на Википедија. Исто така тие присуствуваа и на информативна еколошка средба со Икмет Ејупи, претставник на Национален Парк Маврово.

Фото: Работа во рамки на Викикамп Маврово

Викикамп „Маврово“ е проект на „ГЛАМ Македонија“  со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик, на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.