Исчистени 10.000м2 јавни површини од отпад во населба Рамина (фото)

Објавено на 18 јуни, 2022 во 16:09
Фото: Поголем дел од учесниците, денеска, во еколошката акција на Хабитат Македонија и Општина Велес

Oд страна на 40 доброволци од локалното население, вработени во ЈКП Дервен, претставници на општина Велес, фондацијата „Фокус“ и Хабитат Македонија во акцијата за чистење на јавна површина во населбата Рамина, денеска, беа собрани 5 кубни метри отпад и беа исчистени од отпад јавни површини од 10.000м2. Акцијата за чистење на јавна површина во населбата Рамина е дел од едукативната кампања „За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното место!“ која се организира во општина Велес, во рамки на проектот Одржлив урбан развој на Ромските заедници.

Фото: Купишта отпад во велешка Рамина
Фото: Акција за собирање отпад

Целта на оваа акција за чистење е преку практичен пример да се мотивираат жителите од овој дел од градот активно да учествуваат во одржувањето на хигиената на јавните простори, како и да се подигне свесноста за важноста за правилното одлагање и управување со отпад.

Фото: Акција за собирање отпад
Фото: Акција за собирање отпад

Во рамки на кампањата за правилно отстранување на отпад во Велес која започна во мај, годинава, се одржа ликовен конкурс за учениците од четврто одделение во основното училиште „Панко Брашнар“, изработени се едукативни летоци и постери, едукативни материјали за социјални мрежи, беше организиран забавно-едукативен настан по повод денот на екологијата, како и денешната акција за чистење на јавна површина.

Фото: Акција за собирање отпад
Фото: Трактор на ЈКП “Дервен“ купен со средства од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“

Во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромски заедници“ кој во Велес се спроведува од 2020 година, до сега се спроведени и се во тек повеќе активности. Поточно  изработка на ДУП-ови за областите каде што живеат маргинализирани групи граѓани, набавка на возила за собирање на смет за ЈКП „Дервен“ низ тешко пристапните делови на Велес, се спроведува едукативната кампања за правилно отстранување отпад, а во тек е и процесот за избор на куќи кои ќе се реновираат.

Фото: Товарање на собраниот отпад во трактор
Фото: Товарање на собраниот отпад во трактор

Главна цел на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ е да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој со промоција на еднакви можности за социјална инклузија во домувањето, образованието и здравството кај Ромите и маргинализираните заедници во Шуто Оризари и Велес. Проектот е со финансиска поддршка на Европската Унија.

Фото: Исчестен простор во месност Рамина, Велес
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.