Вонредна јунска крводарителска акција, следниот вторник, во Велес

Објавено: 21 јуни, 2022, во 11:09 часот

Општинската организација на Црвен Крст Велес ги информира сите крводарители и оние граѓани коишто за прв пат сакаат да станат дел од најголемото хумано семејство да земат учество на вонредната јунска крводарителска акција.

-Крводарителската акција ќе се одржи на 28 јуни, вторник, следната недела во просториите на Ликовен салон во Велес, пишува во соопштението на Црвен Крст Велес.

Вонредната крводарителска акција ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до 15:00.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.