Ковачевски: Македонски јазик не само што ќе биде заштитен, туку ќе добие промоција
Огромно е задоволство што после 17 години чекање денес конечно ги започнуваме преговорите. Отвараме нови перспективи за државата и граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназа, кажа премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на првата меѓувладина конференција.
„Европскиот предлог кој го добивме преку широк консултативен процес го препознавме како најдобро можно решение, кое од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а дава почеток на преговорите. Во него е прецизиран македонскиот јазик без дообјаснувања. Со тоа се отвора нашиот македонски јазик да стане официјален јазик во ЕУ, што за мене голем успех. Не само што јазикот ќе биде заштитен, туку ќе добие промоција. Многу земји и култури кои немаат допир со македонскиот јазик, ќе се запознаат. Нашиот идентитет, ќе остане тоа, автентично, македонско и во ЕУ“, додаде Ковачевски.