Црвена, жолта или зелена – која пиперка е најздрава?
Објавено: 23 август, 2022, во 09:51 часот
Освен по формата и бојата, пиперките се разликуваат и по нивната хранлива вредност. Тие се во суштина ист зеленчук, но се разликуваат во времето на зреење.
Имено, зелените пиперки се берат многу млади и затоа имаат малку горчлив вкус.
По нив следат жолтите пиперки, додека на црвените пиперки им треба уште околу еден месец да созреат, па затоа содржат многу секундарни растителни масла и најмногу витамин Ц од сите пиперки.
Затоа, црвените пиперки се најздравата сорта на пиперки, пренесува Б92.
