Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај семафорите во Велес
Објавено на 29 август, 2022 во 13:15
Четириесет и три годишен велешанец е тешко повреден во сообраќајна незгода, којашто се случила вчеравечер, во 21:15 часот на крстосницата кај семафорите во Велес. Во сообраќајната незгода учествувале Н.Б којшто управувал мотоцикл марка „пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки и германски државјанин, четириесет и девет годишниот Д.Н, којшто управувал моторно возило „шевролет круз“.
Со тешки телесни повреди се здобил велешанецот, поточно мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес. Оттаму соопштија дека поради тежината на здобиените повреди, скршеници, лицето утринава е префрлено на клиника за Неврохирургија во Скопје.
Од полиција информираат дека увид извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева