Пасивни трикови кои за момент ги смируваат темпераментните деца
Доколку вашето дете е темпераментно, овие совети би можеле да ви бидат од голема корист.
Според истражувачите, пасивните трикови, како што се нишањето на детето пред спиење, пеењето и читањето, позитивно влијаат на неговиот темперамент.
Од друга страна, активностите како пешачење, возење или играње со детето имаат негативно влијание, заклучил тим од меѓународни научници преку темелна анализа на 841 родител од 14 земји.
Сите родители кои биле вклучени во истражувањето имале деца на возраст меѓу 17 и 40 месеци. Родителите одговарале на прашања за темпераментот на нивните деца, како и за тоа кои техники ги користат кога ги заспиваат.
-Нашата студија покажува дека техниките на родителите за нивно заспивање се многу поврзани со темпераментот на детето во различни култури, што потенцијално влијае на неговиот развој. На пример, земјите со поголемо потпирање на пасивни стратегии имаат деца кои лесно се приспособиле на социјализацијата“ – истакнува Кристи Фам од Државниот универзитет во Вашингтон кој е еден од авторите на студијата.
Резултатите од студијата се објавени во списанието „Frontiers in Psychology“.