„Кожувчанка“ ДОО – Партнер за развој на стручен кадар во нашата држава
Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование и за вработување во нашата држава.
Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и „Кожувчанка“ ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар.
На панел дискусијата „Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование” говореа Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ “Тиквеш“, Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци и Горан Митрески, генерален директор на „Кабтел“.
„Препознаваме, помагаме и секогаш се стремиме да бидеме дел од значајни проекти за нашите граѓани и нашата држава. Сите кои имаме можност треба да се заложиме за доброто на општеството во кое живееме. Кожувчанка и останатите компании, со ова партнерство, покажуваат дека се за развој на иновации, како и за економски и социјален просперитет на земјата,” изјави, генералниот директор на компанијата „Кожувчанка“, Јанинка Чупаркоска.
Дума.мк