Д-р Леов: Млади мајки посветете внимание на развојот на колковите на бебињата, возрасни граѓани на р`бет, колк и зглобови (фото и видео)

Објавено: 10 април, 2026, во 15:09 часот

Ортопедија е комплексна и исклучително обемна медицинска гранка. Лекарите специјалисти издаваат здравствени услуги на граѓаните – пациенти кои се поврзани со превенција, дијагностика и лекување на повреди, болести, деформитети и функционални проблеми на мускулоскелетниот систем во тек на целиот живот, почнувајќи од самото раѓање.

Д-р Љупчо Леов специолог по ортопедија и трауматологија во своето повеќе децениско работење лекувал широк спектар на заболувања, на кои се присети, како што се развојни заболувања кај новородче и бебе, вродени недостатоци или пореметувања, деформитети на рбетен столб, скршеници, истегнувања, набиеници, хематоми, спортски и други повреди, инфламаторни болести на коски и зглобови како и дегенеративни болести на зглобови, остеопороза итн. За овој лекар специјалист, кој сега е дел од тимот на ПЗУ „В Oрто Мед“ во Велес, грижата кон најмладите или новороденчињата е приоритет на секој ортопед кои на младите мајки или со деца во школска возраст тој им препорача:

Појаснувајќи дека трауматологијата како дел од хирургијата третира критични, итни и сериозни телесни повреди предизвикани од силни удари – траума на телото, најчесто поради претрпена несреќа, насилство, физички напад Д-р Леов од своето долгогодишно искуство во трауматологијата издвои бројни повреди од незгоден пад како што се фрактури или скршеници како резултат на механички повреди, истегнувања, нагмечувања, повреди на главата, потреси на мозок, спортски повреди и дислокација или повреда на зглобови. За возрасните граѓани Д-р Леов советува:

Сето свое искуство сега Д-р Леов во вид на здравствени услуги го става на располагање на потребите на граѓаните – пациенти на ПЗУ „В Орто Мед“ од Велес.

ПЗУ „В Орто Мед“ се наоѓа на главна улица „Благој Ѓорев“ бр. 37/3 во Велес, спроти зграда на велешки Театар и работи двосменски од понеделник до сабота. Сите информации се добиваат на моб.тел. број 076/ 407 577.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.