Наутро ладно и слаб мраз, преку ден сончево
Објавено: 10 април, 2026, во 09:08 часот
„Денеска, петок или Велики петок, во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на умерена локална облачност и со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието.
Наутро ќе биде ладно со појава на слаб мраз на повеќе места и со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 7 степени.
Посвежо ќе биде и преку денот со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушти до околу 2 степени а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 16 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


