Хемороиди – Конвенционална медицина
Објавено на 28 февруари, 2022 во 10:55

Ако имате хемороиди , исхраната богата со растителни влакна во комбинација со седчки бањи и парацетамол, ќе ги намалат вашите тегоби најмногу во две седмици. Ако симтомите сe долготрајни, вашиот лекар може да ви препорача повеќе различни постапки.
Остранување на хемороидите со инекција.
При внатрешни хемороиди лекарот може да стави инекција со фенол во масло, кинан, уреа или натриум-моруат непоследно во хемороидот, што создава раничка и го затвара хемороидот.
Овој начин на лекување успева во речиси 90% од случаите и затоа по правило преставува прв избор на лекарот. Но бидејќи резултатите не се трајни, постапката мора да се повторува секои две до три години.
Божана Ќулавкова
