Како да ги препознаете симптомите на дијабетесот(АУДИО)
- Прекумерна жед
- Зачестено мокрење(понекогаш и секој час)
- Слабеење
- Замор
- Мачнина можно е и повракање
- Кај жените честа инфекција на вагината , можеби и прекин на менструацијата
- Кај мажите импотенција
- Кај мажите и жените: габични инфекции
Побарајте лекарска помош
-Ако почувствувате мачнина , слабост и претерана жед, ако мокрите многу често, имате болки во стомакот,дишете длабоко отколку што е нормално со здив со сладикав мирис што потсетува на ацетон. Можеби ви е потребна итна медицинска помош поради кетоацидоза.
-Ако чувствувате слабост или се онесвестите , имате забрзани отчукувања на срцето , се тресете и прекумерно се потите
-Се чуствувате раздразливи , гладни и постојано сонливи. Можеби влегувате во хипогликемија и морате брзо да јадете или да се напиете нешто за да ги одбегнете посериозните компликации.
Причинители
Болеста се јавува како последица на нивото на инсулин во крвта , хормон на панкреасот кој му помага на телесниот систем да ја преобрази гликозата или крвниот шекер во енергија
Божана Ќулафкова