Кардиолог д-р Николовска Неделкова: Срцева слабост е сериозно заболување на срцев мускул на различна старосна возраст
Објавено: 1 мај, 2026, во 12:14 часот
Неделата за подигнување на јавната свест за срцева слабост, која што секоја година се одбележува од 27 април до 3 мај, Европското здружение на кардиолози годинава одлучи да ја одбележи под мотото: Превенција денес а здравје утре“.

Срцева слабост се определува како неспособност на срцето да пумпа доволно количество на крв со цел да ги задоволи потребите на организмот. Срцевата слабост може да предизвика бројни симптоми како што се: тешко дишење, отекување на нозете и нетолерантност на физички напор, вели д-р Весна Николовска Неделкова – специјалист кардиолог на ПЗУ „Интерна Ве“ во Велес.
Со лекарката кардиолог разговараме за тоа што е срцева слабост, како се открива или дијагностицира, постои ли возраст на која се појавува, кои се причините и секако што се треба да се превземе за да се спречи срцева слабост. Д-р Николовска Неделкова сподели и совети:
„Да се одржува крвниот притисок, во нормална состојба, со земање на редовна терапија и да се одржува дијабетесот под контрола во таргет вредности кои што ги препорачуваат кардиолозите како и маснотиите со препишана терапија. Да престанат да пушат цигари, да имаат секојдневна физичка активност, пешачење, џогирање, вежбање, и особено да ја одржуваат нормалната телесна тежина“, советува д-р Николовска Неделкова.


При појава на некои од симптомите што д-р Николовска Нелекова ги наведе во разговорот задолжително граѓаните треба да посетат лекар бидејќи како што рече срцевата слабост може да се појави на различна старосна возраст.
ПЗУ „Интерна Ве“ во Велес, која што се наоѓа на улица: „Благој Ѓорев“ бр 37/3 на исклучување од главната улица и првиот свиок кон Општа болница Велес или спроти зграда на велешки Театар. Здравствената установа ви стои на располагање со работа во две смени а за закажување на преглед и со моб.тел. број 076 407 577.
Убавка Јаневска

