Проф. д-р Ќимова: Различни аспекти на влијание на емоционалната интелигенција (втор дел)
Во современиот свет, емоционалната интелигенција игра клучна улога за постигнување успех и задоволство во различни области на животот.
Емоционалната интелигенција е способност да се разберат, препознаат и контролираат своите и туѓите емоции. На пример, ако некој се налути на работното место, личност со висока емоционална интелигенција ќе може да остане смирена и да го реши конфликтот на мирен начин, користејќи емпатија и разбирање. Когнитивната интелигенција, пак, е способност за логичко размислување и решавање на проблеми. На пример, некој со висока когнитивна интелигенција ќе биде успешен во решавање на работни задачи или во донесување брзи и логични одлуки на работа. И двете форми на интелигенција се важни, емоционалната интелигенција е клучна за градење односи и за постигнување внатрешен мир, а когнитивната интелигенција е основа за аналитичко размислување и решавање на сложени проблеми. Разликата меѓу овие две интелигенции лежи во природата на нивната примена, когнитивната интелигенција се фокусира на интелектуалниот капацитет, додека емоционалната интелигенција се однесува на меѓучовечките односи и емоционалното управување. Истражувањата покажуваат дека дури и со висок IQ, успехот во животот е силно поврзан со развиена емоционална интелигенција.
Емоционалната интелигенција игра важна улога во различни области на животот. Пример, во образованието, емоционалната интелигенција има огромна улога. Учениците со висока емоционалната интелигенција покажуваат поголема мотивација, самодисциплина и способност за соработка, што им помага да постигнуваат подобри резултати. Наставниците кои ги препознаваат и развиваат овие вештини кај себе и кај своите ученици создаваат поинклузивна и поттикнувачка училишна средина.
Во деловниот свет, емоционалната интелигенција е суштинска за успешното лидерство и тимска работа. Лидерите со развиена емоционалната интелигенција се способни да инспирираат, да мотивираат и да управуваат со конфликти, што води до повисока продуктивност и задоволство на работното место. Вработените кои поседуваат емоционалната интелигенција имаат подобри меѓучовечки вештини и се поприспособливи, што ги прави вредни за компаниите, особено во денешниот динамичен пазар.
Во приватниот живот, емоционалната интелигенција игра важна улога во градење здрави односи. Луѓето со висока емоционалната интелигенција имаат способност да покажат емпатија, да ги решаваат конфликтите конструктивно и да градат силни, поддржувачки релации. Ова не само што помага за одржување на хармонија во семејството и со пријателите, туку и ја зголемува личната благосостојба, вантрешниот мир и емоционалната стабилност.
Значењето на емоционалната интелигенција за личниот и професионалниот развој е огромно. Развивањето на самосвест и самоконтрола им овозможува на луѓето да го подобрат своето ментално здравје, да ја зголемат својата самодоверба и да се справуваат подобро со стресот и секојдневните предизвици. Во професионален контекст, ја зголемува продуктивноста и ја подобрува тимската динамика, овозможувајќи поголеми можности за напредок и професионално задоволство.
За крај, развојот на емоционалната интелигенција е клучна инвестиција за личен и професионален напредок, која значително придонесува за постигнување на исполнет и успешен живот.
Во рамките на иницијативите за доживотно учење, унапредување на менталното здравје и развој на емоционалната интелигенција, Ин Асоцијација организира вебинари. На 5.11.2024, ќе се фокусираме на темата „Моќта на емоционалната интелигенција во различни области“ и Ве покануваме да се приклучите на овој значаен настан преку нашиот профил на Ин Асоцијација. За повеќе информации, следете нè. https://www.facebook.com/profile.php?id=61565514793985
(продолжува)
проф.д-р Ѓорѓина Ќимова
Професор на Меѓународен Славјански Универзитет ,,Свети Николе,,