Совети: Алтернативни лекувања на стресот, широко употребувани и од лекарите
ЛЕКУВАЊЕ
- КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА
Ако симптомите се појавиле во врска со одреден настан, како што е смртен случај во семејството, лекарот може да ви препише лек против анксиозност како што е дијазапам. Овие лекови се многу ефикасни ако се примаат пократко време , но може да создадат и зависност, ако се примаат подолго време .
Лекарот може да ви предложи психотерапија со цел да утрди кои настани или состојби кај вас предизвикале стрес и да пронајде начини за намалување на стресот предизвикан од нив. Лекувањето на синдромот на потрауматски стрес обично се состои од советувања, но можеби ќе биде потребна и употреба на лекови против анксиозност (анксиолитици) или антидепресиви (лекови против депересија).
- АЛТЕРНАТИВНИ НАЧИНИ НА ЛЕКУВАЊЕ
Некои начини на лекување кои порано се сметале за алтернативни, денес, широко ги употребуваат лекарите, особено оние кои го поттикнуваат физичкото и психичкото олабавување.
АРОМАТЕРАПИЈА
Етреично масло од лаванда може да помогне за смирување на стресот: може да се стави неколку капки во топла бања или на марамче и да се вдишува.
РАБОТА НА ТЕЛОТО
Олабавувајќи ги напнатите мускули и поттикнувајќи го крвотокот, масажата помага за психичко олабавување. Освен со стручно масирање можете и сами да си ги масирате слепоочниците , вратот, рамената и лицето.
ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
Брзо надминување на стресот е чаша топол чај од камилица, пасифлора, валеријана или американски гинсенг.
НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ
- Интензивно занимање со аеробик може да го намали нивото на хормоните кои го забрзуваат пулсот и се осободуваат во текот на стресот, а истовремено го поттикнува чувството дека сте здрави и во добра состојба.
- Прошетките можат да помогнат за намалување на анкциозноста или попуштањето на напнатоста.
- Трчање ,пливање ,шетање најмалку 30 минути три пати неделно
- Вежбањето за истегнување можат да ги олабават оние напрегнати мускули во горниот дел на телото кои реагираат на стресот и влијаат врз дишењето . Изведувајте кружни движења на рамената , нагоре , наназад и надолу. Вдишете додека рамената ги поместувате наназад, а издишете додека рамената се спуштаат надолу. Оваа вежба повторете ја четири до пет пати, потоа длабоко вдишете и издишете, па почнете од почеток.
Во следното продолжение : Психосоматко лекување од Стрес, Не пропуштајте!!
Божана Ќулавкова