ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: Споделете ги вашите урбанистички, инфраструктурни, сообраќајни проблеми
Во 21-от век граѓаните имаат право на поквалитетен живот во локалните заедници. Институциите, на локално и национално ниво, потребно е да создадат подобри услови за живот согласно Генерални и Детални урбанитички планови и друга планска документација. Но, реалноста не е таква, пишуваа граѓаните на Генералниот повик на „Дума.мк“. Од анализата и нивните одговори во градовите животот тече, а ништо не се менува. Оваа констатација се однесува на старите и дотрајани канализациони и водоводни мрежи, проблемите со градење на нови или легализација на дивоградби. На граѓаните им пречат и тесните улици, сообраќајните грла и малиот број на паркинг места. Жителите, пак, од руралните средини се соочуваат со уште посериозни инфраструктурни проблеми при градби на нови домови и деловни објекти, поврзување на водоводни, канализациони и електрични инсталации, како и со пренамена на земјоделско во градежно земјиште.
Одговорете го анкетниот прашалник подолу и пријавете ни ги проблемите со кои што сте се соочиле. Тимот на Дума.мк ќе го поттикне нивното решавање.
Се што ќе објавиме ќе биде со ваша дозвола и одобрување. Доколку имате документи, фотографии и слично испратете ни ги за да ги поткрепите вашите проблеми.