Издумани Крлевизми:„ Да станеш човек од ранг, треба да влегуваш во многу рингови.“
Објавено: 20 ноември, 2026, во 10:01 часот
Десетте нови афоризми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за овој петок гласат:
„Времето лечи сѐ“ во превод: „Заборавот лечи сѐ!“
Седнавме да се одмориме. Едните од работа, а другите од досада.
Постојано се богатам… со намалување на потребите.
Против силата – силни!
Кога глупавиот молчи, измислува нови глупости.
Ме читаат за да ми најдат мани во напишаното.
Да станеш човек од ранг, треба да влегуваш во многу рингови.
Кој често те фали, не ти е пријател.
Кога на лажговците им кажувам вистина ми велат: „Што на ум, тоа на друм!“
Понекогаш допуштам да ми се потсмеваат за да имам докази дека се лигуши.
Вашиот
Атанас Крлевски


