Судскиот Совет, Обвинителството и здравството – столбови на корупција во Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ
Македонија е заглавена во корупција, неправда и беззаконие. Наместо независни институции што ќе служат на народот, имаме обвинителство, судски совет и здравствен систем што станаа најсилните алатки на политичката мафија.
КАКО ПАРТИИТЕ ГО КОНТРОЛИРААТ ОБВИНИТЕЛСТВОТО?
Обвинителството одамна не е орган на правдата, туку инструмент за заштита на владејачките структури. Најголемиот доказ за тоа е што обвинителите не се избираат според стручност, туку според партиска подобност.
Во 2019 година, за само три дена, беше сменет тогашниот јавен обвинител и на негово место беше поставен човек од доверба на власта. Без јавна дебата, без стручна анализа – чисто политичко назначување!
Истото се повтори и со актуелниот јавен обвинител, кој повторно беше поставен преку ноќ, без никакви критериуми, само затоа што беше подготвен да молчи и да ги штити криминалците.
Ваквиот систем дозволува:
Политички назначени обвинители да ги штитат функционерите од корупциски истраги.
Селективна правда – политичките противници се гонат, а блиските на власта остануваат недопирливи.
Саботажа на истраги – и покрај јасни докази, нема обвиненија, нема судски постапки, нема правда!
СУДСКИОТ СОВЕТ – ГАРАНТ НА НЕПРАВДАТА
Судскиот совет, кој треба да биде чувар на судската независност, е претворен во политички инструмент за унапредување на послушните судии и заштита на корумпираните.
Ова е истиот совет што со години поставуваше судии по диктат на СДСМ и ДУИ. Наместо правда, добивме судии кои слепо ја извршуваат волјата на политичките газди.
Најсрамниот пример е судијката која го водеше монтираниот процес за 27 април и изрече драконски казни од над 300 години затвор – како награда, таа денес е претседател на Уставниот суд!
ФОНТАНА НА ЖЕЛБИ ЗА СЛЕПИТЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ
Македонија е земја во која правдата е заменета со политички манипулации. Судските институции се претворени во механизми за унапредување на послушни судии, додека обвинителството служи како инструмент за заштита на владејачката класа. Најсрамниот пример е обвинител кој во последните седум години свесно молчеше додека државата се распаѓаше и се уништуваше пред неговите очи. Наместо да биде процесиран за своето „свесно слепило“, тој беше награден со позиција во Уставниот суд. Овој човек, кој изминатите години беше само на линијата на политичката послушност, сега во своите седумдесетти ќе го заврши својот живот во мед и млеко, како „победник“ во политичките игри на режимот.
Тој е само еден од многуте кои целосно се откажале од принципите на правдата, дозволувајќи на криминалците и властодршците да владејат без страв од одговорност.
ЗДРАВСТВОТО – 32 МИЛИЈАРДИ ПОТРОШЕНИ, А НИШТО НЕ Е ИЗГРАДЕНО!
Корупцијата не се одразува само во правосудството. Во здравството, каде што сега е на сила систем на „поткуп, непотизам и некомпетентност“, болниците се потопени во катастрофа. Повеќе од 32 милијарди денари потрошени за здравство, а без резултати. Болниците остануваат разрушени, а пациенти кои умираат поради нехумани услови, не се никој виновни.
Многумина од овие пациенти не само што беа оставени да умираат во ужасни услови, туку и самите лекари беа оставени чисти – додека нивните мртви „души“ станаа виновни. За да не се зборува за инкологијата, која со години ги остави пациентите на милост и немилост. Некои се соочуваат со смрт, а некои, пак, заради целосната деградација на системот, никогаш нема да ја доживеат својата праведна терапија.
ЗОШТО МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ЦЕЛОСНА ЧИСТКА?
Ако сакаме вистинска правда, мора да се направи темелна реформа во обвинителството, судството и здравството. Тоа значи:
ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО – обвинителите мора да бидат избирани на транспарентен начин, без влијание од партиите.
РАСПУШТАЊЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ – ова тело во сегашниот облик само го штити криминалот.
ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ – секој што учествувал во монтирани процеси или во заштита на криминалци мора да одговара.
НОВ ЗАКОН ЗА ИЗБОР НА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ – мора да се спречи партиското поставување на послушници како Коцевски и неговите претходници.
Како што рече професорот Калајџиев – ова се анонимуси и полуписмени кариеристи!
Имавме и случаи каде што обвинители, за награда поради своето „свесно слепило“ кон епските криминали, бараа да станат уставни судии! И тие навистина добија унапредувања!
НАРОДОТ МОРА ДА ГО КАЖЕ ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР!
Македонија веќе 30 години живее во неправда. Но народот повеќе не смее да биде нем набљудувач.
Само со целосно прочистување на судскиот, обвинителскиот и здравствениот систем ќе може да се воспостави ред и конечно да се стави крај на државната мафија.
Дојде време послушниците да си заминат! Македонија мора да биде праведна држава!
