Афористичар Kоки: „Постои огромна разлика меѓу атомска и секс-бомбата, првата има полна, а втората…празна глава“
Седумте нови афоризми на Никола Бошковски Коки, напишани за оваа недела и наменети за читателите на Дума.мк гласат:
„Му завидувам на вирусот на грипот, тој може да направи избор која жена ќе ја легне в кревет.“
„Зад затворени врати,комуницираат само оние политичари,кои на отворените јавни ТВ дебати, не умеат уста да отворат.“
„Кога амбициозните жени ќе се обидат да прејдат од зборови на дела,наместо ракавите,го засукуваат здолништето.“
„Момчиња,суштината на љубовта не е девојките да ги доведувате во состојба да лудуваат по вас, туку…под Вас!“
„Политиката навистина може да создава чуда – од корумпирани,компромитирани и лоши политичари,може да направи професори и доктори на науки.“
„Постои огромна разлика меѓу атомската и секс-бомбата. Првата има полна ,а втората …празна глава.“
“Книгата е најголемото богатство на човекот,но јас сеуште не сум слушнал дека некој афористичар,пишувајќи и објавувајќи афоризми, да успеал да се збогати.“
КОКИ