Едукативна стрип работилница „Да и дадеме шанса на инклузијата!“ од 18 до 21 април
Четиридневна едукативна стрип работилница до 12 млади таленти од различни етнички и географски средини ќе биде организирана од 18 до 21 април во село Нежилово. Тие заедно со програмки координатор и едукатор треба да ги доработуваат и усовршуваат своите стрипови како дел од проектот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“.
-Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките
разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички
дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата. Од подготвените дела ќе се публикува соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори. На крај ќе се организираат и пет изложби во различни етнички и географски средини од
државата. Освен делата од оваа стрип работилница, ќе бидат претставени и најдобрите дела од
наградниот стрип конкурс на иста тема . Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро, соопштуваат од Стрип центар на Македонија – Велес.
Инаку грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ е од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Стефани Манева