(Фото и видео) „Блесок пред мугри“ чествување на 115 години од раѓање на Кочо Солев Рацин на Европска куќа Велес

Објавено на 22 декември, 2023 во 13:33

Во предвечерјето на денот на раѓањето на најзнаменитиот поет меѓу македонските поети, на основоположникот на современата македонска книжевност и автор на едно од најзначајните дела во современата македонска поезија „Бели Мугри“, велешанецот Коста Солев Рацин, културен настан организираше Европска куќа Велес.

За Мирко Бошковиќ, директор на Мрежата на Европска куќа во Македонија, синоќешниот настан е специјален бидејќи е посветен на чествувањето на клучната личност на богатото македонско културно наследството.

Присутните гости во Европска куќа имаа можност да приуствуваат на исклучително редок настан на којшто велешанката Марија Грубор рецитираше сопствени и стихови од безвременската поезија „Елегии за тебе“ на Кочо Солев Рацин. Рециталот на Грубор беше поддржан од музицирање на гитара на Филип Букршлиев.

Визуелизацијата на настанот ја реализираа членови на Театар „Сенки и облаци“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.