Граѓански фото објектив: Чешмата за вода во Градски парк Велес
Објавено на 8 април, 2024 во 14:49
„Оваа фотографија ми е направена на почетокот на есента и подолго време ја чував пред да ја објавам. Всушност ова е чешмата во Градскиот парк која со години ги разладува посетителите и рекреативците и која на некој начин е негов заштитен знак“, вели велешанецот Атанас Крлевски за својата фотографија којашто денеска ја испрати до редакцијата на Дума.мк со цел да биде објавена во категоријата Граѓански фото објектив.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк