Граѓански фото објектив: Ридот „Гроот“ – висок 450м. и непошумен
Еден од повеќето ридови кои прстенесто го обликуваат Велес, поточно ридот Гроот, бил инспирација за велешанецот Атанас Крлевски да направи прекрасна фотографија која зазема место во рубриката „Граѓански фото објектив“ на Дума.мк.
-Ридот е на северозападната страна од градот и со својот карактеристичен изглед потсетува на едногрба камила. Висок е 450м. и е непошумен. Името на ридот доаѓа од зборот гро(в)от ( гроотиште ) што означува каменливо место. Од фотографски агол посебно е интересен во есен со прекрасните зајдисонца во сончевите есенски денови, додава Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк