ИН МЕМОРИАМ: Самоил Стојановски 1970 – 2025 година

На 54-годишна возраст во Скопје почина актерот на велешки Татар „Јордан Х.К Џинот“ Самоил Стојановски. Тој беше театарски, филмски и телевизиски актер. Велешката и македонска јавност преку соопштение за смртта на колегата и претседател на синдикалната организација, Стојановски, извести Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
„Роден на 3 ноември 1970 година во Скопје, тој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении. Од 2003, па до неговиот последен аплауз во декември годинава, беше вработен во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.
На сцената на Велешкиот театар создаде ролји во бројни претстави, меѓу кои: „Будење“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“, „Четвртата сестра“, „Орест“, „Жени во народното собрание“, „Сомнително лице“, „Враќање“, „Железно пиле“, „Дом за птици“, „Да се заборави Херострат“, „Х-Хамлет“, „Птици“, „Џинот, учителот“, „Веселите жени од Виндзор“, „Тероризам“, „Баханалии“, „Злосторство на островот на козите“, „ММЕ кој прв почна“, „Онегин“, „Шашардисани времиња“, „Принцезата и Гускарот“, „Последниот Балкански вампир“, „Крал Лир“, „Тартиф“, „Најважната работа на светот“, „Приказни од шестиот кат“, „Класен непријател“, „Добрата надеж“, „Мачорот во чизми“, „Ана Комнена“, „Синиот портокал“, „Лисистрата“, „Елешник“, „Креонт и Антигона“ и други.
Стојановски оствари улоги и во филмската и телевизиската продукција, учествувајќи во проекти како што се „Трст виа Скопје“ (1987–1990), „Погрешно време“ (2000), „Вампирџија“ (2002), „Крајот на играта“ (2002), „Крчма на патот кон Европа“ (2005), „Ова не е американски филм“ (2011), „Старо купуем“ (2013), „Приказни од животот“ (2014), „Ослободување на Скопје“ (2016), „Преспав“ (2016), „Македонски народни приказни“ (2017) и „Црвениот поет“ (2024) и други,“ пишува во соопштението на велешки театар.
Сочувство до семејството и светол патот во царството небесно, Самоил.
Дума.мк
