Издумани Крлевизми: „На тие што им лета умот не оставаат траги“
Објавено на 27 декември, 2024 во 09:23
Десетте афоризми за овој петок на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк гласат:
„Залудно е да диригираш на раштиман оркестар.“
„Жените, најмногу ги кријат години пред огледало.“
„Како не прави ништо! Се прави на Тошо.“
„На тие што им лета умот не оставаат траги.“
„Шегобијците секогаш се во опасност да бидат сфатени сериозно.“
„Не крие дека е музикален. Тропа во секоја прилика.“
„Немам некои доблести, ама имам кој да ми ги измислува.“
„Со жена ми не можам да се разберам. Има висок степен на интелигенција.“
„Една ластовичка не ја носи пролетта, ама може да донесе снег во мај.“
„Беше име! Умре безимен.“
Вашиот, Атанас Крлевски