Издумани Крлевизми: „Патката не е омилена птица на сите новинари“

Објавено: 30 јануари, 2026, во 10:15 часот

Во овој петок, за читателската публика на Дума.мк, од афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски ги објавуваме напишаните 10-те нови афоризми. Негова инспирација изминатава седмица се работниците, политичарите ама и новинарите:

„Имаме богови, имаме цареви, а немаме работници.“

„Природно е на ВИ да ѝ подаруваме вештачко цвеќе.“

„Љубовта започнува на слепо, а завршува на глуво.“

„Сон на зрното песок е да сретне школка.“

„Внимателно со светците! Можеби се политичари.“

„Никогаш не претерувам. Освен, кога се додворувам!“

„Имам ушна мана. Не слушам озборувања.“

„Патката не е омилена птица на сите новинари.“

„Злобата е вештерка со метла, а зависта – без метла!“

„ На дното, мнозинството верува дека е на врвот.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.